Проекти за добро на заедницата

Securicom ја има дефинирано својата определба за поддршка на квалитетни проекти од областа на културата,  што неколкупати е потврдено токму преку манифестацијата „Виенски бал“, интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, концертот на триото Хајдн,  Танц-фест, Скопско лето и други. 

Оваа година манифестацијата ,,Виенски бал“ го одбележа своето петнсаесетгодишно постоење. Securicom ja поддржува оваа реномирана манифестација веќе дванаесетта година по ред. Истата е во организација на „Здружението за културна соработка Инфинитас“. Балот  е пред сè традиционален белег на пријателството меѓу Скопје и Виена. Како и секоја година така и оваа, валцерите, евергрините, танцовата игра на професионалните танцови двојки, беа обележје на манифестацијата.

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ е првиот фестивал во светот што е основан за да го слави делото на кинематографите и една од неколкуте културни манифестации од национално значење за Република Македонија. Овој фестивал се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија и со поддршка од Министерството  за култура.

Ансамблот ,,Хајдн трио Ајзенштат“ е основан во 1992 година. Во 1994 година овој ансамбл се здобива со почесна диплома за најдобро клавирско трио што ја доделува реномираната „Academia Chigiana“ во градот Сиена, Италија, како и со стипендија за најдоброто странско остварување на целиот фестивал. По повод одбележувањето на 200 години од смртта на композиторот Јозеф Хајдн, беше организиран концерт на ова реномирано трио со поддршка на Securicom.

На големата сцена на Македонската опера и балет на 5 април беше свечено отворено седмото издание на фестивалот за современ танц во Македонија „Танц-фест 2011“, со балетската компанија  „Скапино“ од Ротердам, со една од нивните најнови продукции „Холанд Плус“ и „Браво Чарли“. Танц-фест е под покровителство на Министерството за култура и Амбасадата на Кралството Холандија. Фестивалот  траеше до 13 април. Securicom  втора година по ред го поддржува овој реномиран танцов фестивал. 

Меѓународната манифестација „Матурската парада 2011“ се одржа на 20 мај  во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и на Танцовиот клуб „Ритам плус“. Истата е под покровителство на Градот Скопје и е поддржана од Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ во Р. Македонија. Securicom трет пат по ред се јавува како поддржувач на оваа манифестација на која матурантите од Македонија и од регионот, го одиграа танцот „Квадрил“ на музика од операта „Лилјакот“ од Јохан Штраус.

Триесет и првото издание на фестивалот Скопско лето 2010, беше свечено отворено на 21 јуни со концертот на Камерниот оркестар Almacian’s Obsession од Србија. Во рамките на Скопско лето оваа година се организираа 17 концерти, девет изложби, осум театарски претстави, ревија на народна носија, модна ревија, промоција на книги итн. Securicom втора година по ред ја поддржува оваа значајна меѓународна манифестација.

Како општествено одговорна компанија, Securicom  во рамките на своите можности, ќе продолжи со поддршката на проекти коишто го збогатуваат културниот живот на земјава. Освен кон нашите клиенти, нашата одговорност  е насочена и кон општеството во целина.