Нашиот успех се нашите вработени

Вработените се оние кои ја градат иднината на компанијата. Фокусирани сме кон привлекувањето, вработувањето, развојот и мотивацијата на најдобрите професионалци, кон создaвањето на највисоки вредности за нашите вработени како компанија што има највисоки стандарди и којашто е лидер во создавањето и задоволувањето на потребите на нашите корисници.

Успехот на компанијата произлегува од врвните услуги, но и од нашите вработени. Ние создаваме услови и можности за развој на вработените индивидуално, но и како тим. Посветени сме на развојот, обуката и поддршката на вработените во насока на соочување со предизвиците на работното место и рализирање на стратешките цели на компанијата. Се залагаме за целосна искористеност на знаењето што е стекнато на обуките и за негова примена во практиката. Професионалната обука на нашите вработени во најголем дел се реализира во матичната куќа – во Р. Австрија.

Горди сме што можеме да се пофалиме со лојални вработени, професионалци во својата сфера на дејствување. Се грижиме за нашите вработени, почитувајќи ги нивната индивидуалност и разликите, нивниот интегритет и нивните залагања.

Преку професионалниот развој и обуката на самото работно место успеавме да создадеме тим којшто успешно се справува со секојдневните предизвици на пазарот, тим кој може да ја води компанијата кон реализирање на повисоки цели, и да ја остварува нашата визија во насока на тоа да бидеме ваш долгорочен партнер.