Наша историја

Услугата како основна дејност на фирмата SECURICOM, како фирма-ќерка на австриската компанија Securiton International – Securicom, има долга историја.

Корените на компанијата Securiton International потекнуваат од првата виенска чуварска компанија – една од најстарите компании за обезбедување во Европа, основана во далечната 1904 година во Виена. Почетната активност на фирмата била давање услуги од областа на обезбедувањето, но со тек на времето нејзината дејност се проширува со давање услуги за професионално чистење, за тековно одржување на објекти, и со дактилографски и секретарски услуги...

Од мала чуварска фирма, со тек на времето таа прераснува во фирма што ги нуди своите услуги и надвор од Австрија.

Албанија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Словачка, Египет, Канада се само дел од земјите каде Securition имала можност да го стекне интернационалното искуство.