Кои сме ние?

Во 2000-та година, сопственикот на фирмата Securiton International г. Волфганг Е. Гампер, во Македонија ја основа фирмата-ќерка SECURICOM, со седиште во Скопје.

Основна дејност на фирмата е давањето услуги од областа на професионалното чистење, обезбедувањето, тековното одржување и давањето на дактилографски услуги.

Фирмата ја врши својата дејност на целата територија на Македонија.

Една од клучните карактеристики на нашата фирма е давањето услуги со висок квалитет – при што се користат современа опрема и апаратура и се задоволуваат македонските и европските стандарди, што се потврдува и со поседувањето на сертификатот за квалитет ISO 9001:2008.

Особено сме горди што можеме да истакнеме дека користиме средства што се еколошки погодни, со што се гарантира зачувувањето на животната и работната средина. За да бидеме наполно усогласени со европскиот начин на извршување на дејноста, нашите вработени постојано се обучуваат и усовршуваат во земјата и странство.

Постојано се стремиме да бидеме модерна и динамична компанија, што е подготвена да одговори на сите барања на своите корисници – сегашни и идни.

ДАЛИ СТЕ СПРЕМНИ ДА РАБОТИТЕ СО НАС?