ЦЕНТАР ЗА ИТНИ НАСТАНИ

Свесни за тоа дека понекогаш се случуваат непредвидени ситуации и дефекти во нашиот дом или деловна просторија каде е потребна брза интервенција, како и помош од трети лица обучени во таа област, неодамна го отворивме Центарот за итни настани кој функционира 24/7.

Како најлесно да бидете заштитени и брзо да реагирате во таква итна ситуација? По вашиот телефонски повик на бесплатниот број 0800 12 122, од центарот веднаш ќе го испратиме соодветниот тим за брза интервенција, кој навремено ќе реагира со цел елиминирање на дефектот и минимализирање на можната штета. Сите правни и физички лица можат да ги добијат следниве услуги по повик:

ХАУСМАЈСТОРСКИ УСЛУГИ

  • Техничка интервенција на електрична и водоводна инсталација
  • Техничка интервенција на системи за греење и ладење
  • Техничка интервенција на браварски и столарски работи
  • Молеро-фарбаски и гипсарски услуги
  • Санација по поплава, пожар и други непогоди

ПРОФЕСИОНАЛНИ УСЛУГИ ЗА ЧИСТЕЊЕ

  • Машинско чистење на сите видови текстилни, дрвени,тврди и еластични подови
  • Генерално чистење по потреба
  • Внатрешно и надворешно чистење на достапни и недостапни прозорци
  • Чистење на фасада со специјализирани возила или специјален тим на алпинисти

ОСТАНАТИ УСЛУГИ

  • Хортикултурно уредување и одржување на зелени површини
  • Чистење на снег

ТЕХНИЧКИ МОНИТОРИНГ

  • Решенија за детекција на упади
  • Решенија за детекција на аларми и дојава на пожари
  • Решенија за видео надзор
  • Решенија за IP и Analog HD/HDCVI
  • Решенија за контрола на пристап и работно време
  • Решенија за видео и аудио домофонија
  • Решенија за озвучување
  • БМС решенија

24/7 Центар за итни настани

  • Мониторинг на дојави за аларм, пожар, паника од приватни и деловни корисници
  • Мониторинг на СОС (паничен аларм) сигнали од постари лица преку опција за рачно притискање или “man down” опција
  • Паралелен мониторинг на аларми за пожар во Противпожарна бригада
  • Достапност за итни интервенции од техничко одржување
  • Сопствена и индивидуална RF мрежа за безжичен пренос на податоци
  • Патролно обезбедување
  • 24/7 мониторинг на објекти со брза интервенција на нашите патролни единици
  • Автоматска GPS навигација до објектите
  • Сопствена радио комуникација со операторите од центарот за итни настани